декември 22

Техничка анализа – метода за предвидувања на пазарните случувања

Водејќи се од непријатни искуства на големо влијание на зголемувањето и намалувањето  на цените  на житарките , широката јавност е заинтересирана што ќе се случува во наредниот период  на пазарот со житарки како и на  светските берзи и берзите во регионот. Нај прифатлива метода која се користи за предвидување на пазарните случувања е методата на техничка анализа.Тоа е метода која овозможува сценарио за идните настани врз основа на настаните од минатото. Затоа е неопходно да се идентификуваат условите на пазарот, кои се најмногу слични на оние во минатото и кои се моментално  актуелни и врз основа на тоа да  се донесе заклучок.

Со оглед на сеопфатен пристап кон пазарот неопходно  е да се погледне назад во блиското минато, како и претходната економска 2016 година. Добрите  приноси од пченицата и пченката во  примарниот сектор на земјоделството во светот во 2016 година, доведоа до значителни нарушувања во билансот првенствено со пченица, а во помала мера и со пченката  и сојата. Овие случувања доведоа до тоа да  цената на пченицата на берзата во Чикаго во јули минатата година се движеше  околу 176 до 190  $ по тон, пченка во септември од околу 146 до 150 $ по тон. Кризата во Украина сигурно ќе влијае и оваа година на светскиот пазар со житарки. Украина како втор најголем извозник на пченка и шести  извозник на пченица во светот, битно ќе влијае на цената.

Прогнозите за наредниот период можат да ги пореметат и проценките за понатамошниот развој на посевите од појавата на болести кои во изминативе години се  се позачестени ако во регионот така и на светско ниво (појавата на афлатоксините).

Србија во изминатата година,  бележеше многу добри резултати во приносот на житарките  и  не само што целосно ги задоволи потребите на домашната побарувачка, туку се отвори добра можност за извоз. Прогнозите за оваа година до сега,  се дека жетвата ќе биде подобра од минатата година или во најлош случај како минатата.

За целите на нашата анализа на пазарот и оценката за  понатамошен развој на пазарот, во оваа економска година, мора да  ги земеме  во предвид пазарните услови, како во светот, регионот така и  на нашиот пазар. По правило ценовните пикови се случуваат во почетокот и  средината на жетвата , додека пак во овој период силосите пробуваат да ослободат место за новата реколта па забрзано се чистат залихите. Она што не би требало да се доведе во прашање е фактот  дека во оваа година се до почетокот на жетвата би требало да имаме релативно стабилна цена на житарките. 

Земјоделски Пазарен Информативен Систем | Сите права се задржани | Copyright © 2018 UNET