ноември 26

Споредбени цени на земјоделски производи на зелените пазари (втора половина на ноември 2018-2017 година)

  Во  месец ноември, зелените пазари во Р. Македонија нудат  изобилство од сезонско овошје и зеленчук.  Доминира понудата на сите сорти на јаболки, јапонски јаболка, крушки, калинки како и цитрусни плодови. Споредено со истиот период лани намалување на цената имаме кај сите сорти на јаболки, крушите,и лимонот , освен кај мандарините, каде бележиме повисока цена за 2,9% споредено со лани. Драстично намалување бележиме кај сортата Црвен Делишес од -34,6 %, кај сите други сорти на јаболки има пад на цените кое се движи од -23% до -35 %.

Кај зеленчукот позначајно зголемување на цената, и тоа од 42,6 % има кај доматот, кај краставиците 24,7 % и кај кромидот 22,4 %.Пад на цената имаме кај зелката од -16,5%, лукот од -25,9% , оризот -3,4% како и кај компирот од -1,6% споредено со минатата година.

Во табелата 1, прикажани се просечните најзастапени цени на некои видови овошја за втората половина од месец ноември (споредбено 2017-2018, како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти).

Табела 1
Вид на овошје
Просечна цена- Ноември 2018
Просечна цена- Ноември 2017
 
Стапка на пораст / опаѓање  (%)
Јаболка-Ајдаред
22,5
29,5
- 23,7 %
Златен Делишес
25,36
37
- 31,5 %
Муцу
25
33,6
- 25,6 %
Црвен Делишес
22,9
35
- 34,6 %
Јапонско јаболко
28,5
34
- 16,2 %
Калинки
41,7
53,6
- 18,5 %
Крушки
58
65
- 10,8%
Банани
44,06
48,6
- 9,3 %
Лимони
44,7
56,9
- 21,4 %
Портокали
45,6
45,1
+ 1,1 %
Мандарини
46,3
45
+ 2,9 %
*цените се изразени во денари за килограм

 

Земјоделски Пазарен Информативен Систем | Сите права се задржани | Copyright © 2018 UNET