март 07

Каде се снабдувате со овошје и зеленчук?

 Поголемата понуда на овошје и зеленчук како и  зачестената навика на потрошувачите да се снабдуваат со свежи производи од поголемите маркети, го преземаат приматот на продажбата на земјоделските производи од зелените пазари. Продавачите на зелените пазари велат  дека прометот на зелените пазарите споредено со минатите години е со намален интензитет. Една од причините е што работното време во супермаркетите е подолго , освен зеленчук и овошје има и други производи кои се потребни на купувачите и сите тие се на едно место.

Поради овие причини, ЗПИС направи анкета на потрошувачите за тоа каде се снабдуваат со земјоделски производи, каде има поквалитетни, поевтини и побезбедни земјоделските производи.

На првото прашање ,,Каде се снабдувате со зеленчук и овошје’’-

51 % одговорија дека подеднакво се снабдуваат со земјоделски производи од маркетите и од зелените пазарите

34% од анкетираните одговорија на зелените пазари додека,

15% со овошје и зеленчук се снабдуваат во маркетите .

На прашањето ,,Зошто го избравте зелениот пазар’’
10% одговорија дека е поевтино

65% дека има поквалитетни земјоделски производи

25% можноста на едно место да се снабдат со зеленчук и овошје.

На прашањето ,,Зошто го избравте маркетот’’

8% одговорија: затоа што има поквалитетни земјоделски производи

15% изборот го направиле поради можноста сами да си ги одберат земјоделските производи

29% одговорија дека причина е работното време и неможноста да посетат зелен пазар

48% поради можноста на едно место да се снабдат со сите потребни намирници.

На последното прашање ,,Каде се побезбедни земјоделските производи’’

33% од анкетираните одговорија дека во исправноста и безбедноста на земјоделските производи повеќе веруваат на зелените пазари

17% во маркетите додека,

50% не веруваат дека купуваат безбедни производи ниту во маркетите ниту на пазарите.

Земјоделски Пазарен Информативен Систем | Сите права се задржани | Copyright © 2018 UNET