мај 15

СООПШТЕНИЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ НА ,,Понуда-Побарувачка,,

 Соопштение за елeктронски систем на- ,,Понуда-Побарувачка,,
Посетете ја веб страната на линкот
ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk

Почитувани Корисници

  Секторот за анализа на земјоделска политика преку системот на ЗПИС разви и одржува посебна веб апликација под наслов,, понуда –побарувачка,, на земјоделски производи преку која се овозможува дорекно од страна на производителите да се понудат расположивите земјоделски производи или добиток од една страна, а од друга страна корисниците да ги побараат потребните производи или добиток а потоа заинтересираните страни да се договорат и направат трговска трансакција.

Овој систем овозможува голем број заинтересирани корисници во ланците за обезбедување на храна,да воспостават посигурни комерцијални врски и подобрено снабдување на корисниците со земјоделски производи од домашните производители на храна. Системот на понуда-побарувачка технички и административно ќе биде одржуван од одделението на ЗПИС , а понудата или побарувачката за определените земјоделски производи ќе се внесуваат од страна на пазарните репортери од ПЕ на МЗШВ, АПРЗ или од фирмите вклучени во системот на ЗПИС. Заинтресираните понудувачи или баратели на определен производ или за добиток се обраќаат до споменатите репортери, пополнуваат определен образец го потпишуваат и го оставаат кај пазарниот репортер, врз база на образецот репортерот ја објавува понудата или побарувачката во системот. За сите барања и објавувања репортерите ги чуваат обрасците за објавување на понуда или побарувачка во период од 1 година.

Во случај на вонредна состојба ,, како што е моменталната со Корона вирусот'', заинтресираните понудувачи или баратели на определен производ, барањето може да го достават електронски, преку ,,e-mail '' до подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ. Доколку не се во можност да го испратат барањето електронски, може и по  телефонски пат да го пријават до репортерите од подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ, кои нивната понуда ќе ја објават во системот.

 **Барање за понуда-Преземи овде**

 

Земјоделски Пазарен Информативен Систем | Сите права се задржани | Copyright © 2018 UNET