Сопштение за елeктронски систем на ,,Понуда-Побарувачка,,


Посетете ја веб страната на линкот
ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk

Почитувани Корисници

 

Земјоделско пазарно информативниот систем е интегрален дел од ЗИС -( Земјоделско информативниот систем) кој има за цел континуиранo следење и обезбедување на транспарентен преглед на земјоделското производство преку движењето на цените на пазарите на храна како и собирање и обработка на пазарните податоци за производите и тргуваните количества на земјоделски производи. Навремените и точните податоци од пазарите овозможуваат поддршка во процесот на донесување на одлуки кај производителите на храна од една страна и барателите односно купувачите на храна од друга страна, и истото овозможува одржливо функционирање на синџирот за снабдување со храна како и воспоставување на поблиска комуникација помеѓу потрошувачите и производителите на храна. Секторот за анализа на земјоделска политика преку системот на ЗПИС разви и одржува посебна веб апликација под наслов,, понуда –побарувачка,, на земјоделски производи преку која се овозможува дорекно од страна на производителите да се понудат расположивите земјоделски производи или добиток од една страна, а од друга страна корисниците да ги побараат потребните производи или добиток а потоа заинтересираните страни да се договорат и направат трговска трансакција.

Овој систем овозможува голем број заинтересирани корисници во ланците за обезбедување на храна,да воспостават посигурни комерцијални врски и подобрено снабдување на корисниците со земјоделски производи од домашните производители на храна. Системот на понуда-побарувачка технички и административно ќе биде одржуван од одделението на ЗПИС , а понудата или побарувачката за определените земјоделски производи ќе се внесуваат од страна на пазарните репортери од ПЕ на МЗШВ или од фирмите вклучени во системот на ЗПИС. Заинтресираните понудувачи или баратели на определен производ или за добитот се обраќаат до споменатите репортери, пополнуваат определен образец го потпишуваат и го оставаат кај пазарниот репортер, врз база на образецот репортерот ја објавува понудата или побарувачката во системот. За сите барања и објавувања репортерите ги чуваат обрасците за објавување на понуда или побарувачка во период од 1 година.

За подетални информации- лица за контакт:

Моме Младеновски
e-mail: [email protected]
Александра Петреска
Тел: 070 409 824
e-mail: [email protected]
Горан Димовски
Тел: 071 329 613
e-mail: [email protected]
 ел: 023134477 лок. 414

Посетете ја веб страната на линкот
ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk

Земјоделски Пазарен Информативен Систем | Сите права се задржани | Copyright © 2018 UNET