Соопштение за елeктронски систем на- ,,Понуда-Побарувачка,,
Посетете ја веб страната на линкот
ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk
Почитувани Корисници
Секторот за анализа на земјоделска политика преку системот на ЗПИС разви и одржува посебна веб апликација под наслов,, понуда –побарувачка,, на земјоделски производи преку која се овозможува дирекно од страна на производителите да се понудат расположивите земјоделски производи или добиток од една страна, а од друга страна корисниците да ги побараат потребните производи или добиток а потоа заинтересираните страни да се договорат и направат трговска трансакција.
Овој систем овозможува голем број заинтересирани корисници во ланците за обезбедување на храна,да воспостават посигурни комерцијални врски и подобрено снабдување на корисниците со земјоделски производи од домашните производители на храна. Системот на понуда-побарувачка технички и административно ќе биде одржуван од одделението на ЗПИС.
Заинтресираните понудувачи или баратели на определен производ, барањето може да го достават електронски, преку ,,e-mail '' на адреса [email protected] каде ќе наведат :Име и презиме:_______ Град :______ Адреса:____ Телефон:___e-mail:_______ Земјоделски производ кој го нудат_____ Количина:_____ Единица Мера:______ датум на кој е објавен огласот: _______ .Барање за понуда може да се достави и до подрачната единица на МЗШВ.Доколку заинтересираните понудувачи не се во можност да го испратат барањето електронски, може и по телефонски пат да го пријават до репортерите од подрачната единица на МЗШВ , кои нивната понуда ќе ја објават во системот.
**Барање за понуда-Преземи овде**